На 29.03.2022 година во 16.44 часот во СВР Струмица било пријавено дека во село Конче, радовишко, настанал пожар во куќата на П.В.(52), при што починал неговиот татко В.В.(78).

Пожарот бил изгаснат од жители на селото, а увид на местото извршиле Јавен обвиниотел од Основно јавно обвинителство Радовиш и екипа на ОВР Радовиш. Телото на починатиот било предадено на семејството.