Годишен раст од 4,9% на вкупните депозити и од 9,4% на вкупната кредитна поддршка во декември 2022 година.

На годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 4,9%, во услови на зголемување на депозитите кај двата сектора.

На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,4%. Годишниот раст се должи на повисокото кредитирање на двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор.