Обединетото Кралство е првата земја која законски ќе ги признае животните како емотивни суштества.

Ние сме животољубива нација и сме првата држава во светот што носи такви закони. Акциониот план за благосостојба на животните ќе ја исполни нашата заложба за забрана на извоз на живи животни за колење и гоење, забрана за чување на примати како домашни миленици и донесување нови закони за борба против шверцот на кученца. Како независна нација, сега можеме да напредуваме повеќе од кога било – изјави за One Green Planet државниот секретар за животна средина Џорџ Јустис.

Мерките што ќе ги воведе Владата, а кои се однесуваат на заштитата на животните, ќе се однесуваат и на кражбите на животни, што е се поголем проблем во таа земја. Ќе бидат забранети и електричните огрлици за обука, а ќе се прават обиди да се сузбие шверцот на животни.