Вчера во 22.50 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода четириесет и едно годишна жена од селото затоа што физички со тврд предмет ја нападнала својата малолетна ќерка.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.