Како што информира полицијата вчера во 14.30 часот во трговски центар на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје.

Како што соопшти МВР во 14 часот, по кратка расправија и недоразбирање поради девојка, тој со нож му нанел повреда на М.А.(18) од село Зелениково, скопско, при што бил забележан и задржан од полициски службеник од Полициската станица Центар.

МВР информира дека од момчето бил одземен ножот, а повредениот М.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била констатирана телесна повреда.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава,се вели во полицискиот билтен.