Како и секој понеделник, така и утре горивата ќе добијат нови цени во Македонија.

Регулаторната комисија треба да ги утврди цените кои ќе важат следните 7 дена.

Со последните корекции, цената на горивата делумно беше намалена, и во моментов Еуросупер 95 се точи за 70,5 денари, додека еуросупер бс 98 за 72 денари за литар.

Дизелот изнесува 61,5 денари за литар.