Репортерот на Киев Индепендент Илија Пономаренко го коментираше инцидентот на полско-украинската граница вечерва.

Пономаренко на Твитер накратко напиша: „Русија навистина нае*а“.

Да потсетиме, според известувањето на светските медиуми, во селото Пжеводов на полската страна на полско-украинската граница попладнето се случила експлозија, а според првите информации две лица загинале.

Полските портали пишуваат дека војската и полицијата се на терен, но причината за експлозијата се уште не е позната. Радио Лублин соопшти дека две лица загинале.

*фотографијата е илустративна