За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Во попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд со ретки грмежи. Утре ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Во понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни, засилен ветер и пад на температурата.

На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.