Руската агресија во Украина секојдневно ги потврдува своите злосторства и монструозни дела, без ни малку човечност и емпатија за страдањата на луѓето. Од друга страна, пак, се повеќе расте хероизмот на украинските војници, кои уверуваат дека жестоко ќе се борат за секое дете, за секое бебе, за секој човек. На Твитер постојано се поставуваат фотографии и видео снимки кои сведочат за сето тоа.

Една руска ТВ програма гордо ја прикажува приказната за една баба која штедела пари за подобрување на условите во домот, бидејќи нејзината мала куќа нема внатрешен тоалет. Наместо тоа, таа им даде се на руските војници. Експертите тврдат за повеќе напади против Украина и против какви било преговори за прекин на огнот, се вели во твитот на колумнистката Џулија Дејвис, која врши руски медиумски мониторинг.

Додека украинските цивили имаат проблеми со електрична енергија, топлина и мрежа во повеќето региони, нашите бранители во Бахмут се борат за украинската слобода во такви услови. Нераскинливо! Слава на хероите!, напиша на Твитер советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко.

Шефицата на Центарот за граѓански слободи (Украина) Олександра Матвичук објави на Твитер фотографии од рововите кај Бахмут, нагласувајќи дека „тие откриваат многу, ѝ даваат на борбата за Бахмут опсег, перспектива, мирис, студ, кал, нечистотија и крв. Станува збор и за неверојатните напори на украинските бранители“.

Јулија Мендел, поранешната портпаролка на украинскиот претседател Владимир Зеленски напиша на Твитер: „Почивај во мир мал Серхиј. Имаше само два дена да живееш на овој свет. Беше сурово и непријателско кон тебе“. #Русија е држава терористичка

За секое наше дете, за секое наше бебе, нашите војници ќе се борат најтешко на бојното поле. Но, колку и да е силен нашиот бес, ние никогаш нема да станеме како вас – Руси, се наведува во објавата на украинското Министерство за одбрана на социјалната мрежа Твитер.

Герашченко, пак, во друг свој твит објави дека пејачка од Москва снимила спот на покривот на руинираниот Драмски театар во Мариупол, каде околу 600 луѓе загинале кога Русија ја нападнала таа зграда.

Г.Т. извор Civilmedia.mk