Денес се регистрирани 310 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 303.728- Оздравени се 284 пациенти – пријавени се 3 починати лица.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.609 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 199, Битола – 19, Куманово – 15, Кавадарци – 13, Прилеп – 9, Охрид и Штип –по 8, Велес – 5, Струмица, Гевгелија и Ресен – по 4, Тетово и Гостивар – по 3, Делчево, Богданци и Демир Хисар – по 2, Кичево , Кочани ,Неготино ,Радовиш , Крива Паланка, Дебар, Валандово, Виница , Кратово и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (310) ,регистрирани се 49 реинфекции.

Регистрирани сe 284 оздравени пациенти од: Скопје – 144, Прилеп – 18, Битола – 17, Кавадарци – 15, Охрид и Велес – по 10, Куманово и Ресен – по 9, Гевгелија и Радовиш – по 7, Струмица – 5, Штип ,Гостивар, Кичево, Валандово и Струга – по 4, Тетово и Виница – по 3, Кочани ,Неготино и Свети Николе – по 2, Крива Паланка – 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 1 починато лице: од Скопје ( 77г), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од Богданци (87г) и Кочани (45г). Пријавените лица се починати во период од 17.03. до 19.03.2022 година. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (3), кај сите се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.609 тестови преку: ИЈЗ-285, ЦЈЗ Скопје-81, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-32, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-53, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија –5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–149 Жан Митрев (Филип Втори)-56, Авицена-96, Биотек-162, Систина-53, лабораторија Лаор-68, Синлаб-10, Ремедика-20, Плодност-21, Генеа-8, Никоб Лаб-177, ВФВ Медикал-38, Ели Медика Плус-15, Ројал Медика–7, Спектра-ММ-13, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.161.

Досега во земјата се направени вкупно 1.941.593 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.728, бројот на оздравени пациенти е 292.628, на починати е 9.187, а бројот на активни случаи изнесува 1.913.