61-годишник од с.Глумово, скопско е приведен бидејќи агресивно се однесувал кон полицајци.

Лицето било лишено од слобода вчера (27.10.2022), во 18.45 часот, во с.Сарај, скопско. Приведениот се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од МВР.

МВР известува за уште еден ваков случај.

-На 27.10.2022 во 19.45 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Р.С.(22) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија – се вели во соопштението на МВР.

И трет случај на агресивно однесување кон полицајци регистрира МВР.

-На 27.10.2022 во 15.15 часот во Полициската станица Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ш.К.(45) од с.Цветово, скопско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија – соопштија од МВР.

По целосно документирање на случаите ќе следи соодветен поднесок за трите лица.