Како што соопшти МВР вчера нешто пред 14 часот во полицијата било пријавено дека на локалниот пат с.Елевци – с.Евла, Центар Жупа, автомобил „фолксваген широко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(31) од селото Враништа, излетало од патот.

Од полицијата велат дека на местото на несреќата починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од брзата помош. Како што додаваат од МВР, извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Дебар, се вели во соопштението.

*фотографијата е илустрација и не го претставува актуелниот настан