Како што соопшти полицијата вчера во 12.44 часот во СВР Скопје е пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје, велат од МВР.

Полицијата информира дека од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт.

Телото е предадено на обдукција, велат од МВР.