На 22.10.2026 во 19:15 часот во СВР Битола било пријавено дека на пат за с.Карамани, битолско, 14-годишен малолетник од Битола, управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки изгубил контрола над мопедот и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.