На 22.10..2026 во 08:00 часот на улица „Јане Сандански“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода 60-годишник од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека пред угостителски објект на ул.„Борис Кидрич“ во Кичево со остар предмет му нанел повреди на 71-годишник од Кичево и се обидел да му одземе пари.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.