На 22.10.2026 во 21:10 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во кругот на затворот биле пронајдени две пакувања со бела прашкаста материја.
Полициски службеници излегле на местото, ги подигнале пакувањата и извршиле службени разговори со неколку лица. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.