Таткото на една тинејџерка откри на Редит зошто ја натера својата 16-годишна ќерка да ја избричи главата.

Имено, тој објасни дека неговата поранешна сопруга била многу вознемирена поради постапката, но тој тврди дека имал добра причина за таква казна.

„Мојата поранешна сопруга и јас имаме 16-годишна ќерка. Имам старателство над неа бидејќи мојата сопруга се пресели кај своето ново семејство. Го споменувам тоа затоа што не се консултирав со мојата сопруга пред мојата постапка и таа сега ме осудува “, ја започна објавата.

„Мојата ќерка неодамна се потсмеваше со ученичка која ја загуби косата поради третман на рак. Таа дури и и ја симна перика. Наводно, се работи за претходна расправија меѓу нив две, што не е изговор за однесувањето на мојата ќерка. Не ја воспитував ќерка ми да се однесува кон луѓето онака како што таа постапуваше и бев згрозен од нејзиниот став “, продолжи тој.

„За да бидат работите уште полоши, мојата ќерка не се покаја за тоа што го направи и рече дека девојката го заслужува тоа. Така, на ќерка ми и дадов две опции за казнување: одземање на целата електроника, вклучително и мобилниот телефон, така што никогаш повеќе нема да и купам, или одење на фризер и бричење на главата.

Тинејџерката сама ја избра втората казна, а нејзиниот татко се прашува дали бил во право.
Повеќето корисници на Reddit не се согласија со него.

„Таквото родителство не е добро и безбедно“, „Ќерка ти е насилник затоа што и ти си насилник“, „Ја зезна работата, но не можеше ли да смислиш начин како да ја воспиташ, освен телесно казнување“, се некои на коментарите.

Еден корисник на популарната мрежа даде идеја како таткото можел да ја казни ќерката со многу помало понижување.

„Зошто не ја натеравте да волонтира во одделот за заболени од рак, особено детското одделение. Тоа сигурно ќе и помогнеше да има повеќе сочувство “, напиша тој.