Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 50-годишен жител на Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“.

На 30.10.2026, пријавениот постапил спротивно на решението за заштита од семејно насилство на Основниот суд Берово, односно отишол во домот, агресивно се однесувал и ја вознемирувал неговата 47-годишна сопруга.