Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 29-годишен жител на Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 05.11.2026, пријавениот упатувал закани кон полициски службеник кој вршел службени дејствија, а откако бил лишен од слобода, пред Полициската станица Гостивар пружал активен отпор и продолжил со закани кон полициските службеници.

При преземање мерки му било извршено алкотестирање и било утврдено дека има 1,95 промили алкохол во организмот.