Спасовски со благодарници за алпинистите кои учествуваа во спасувачката мисија на Шар Планина заедно со припадниците на МВР
Vestiplus.mk
+Во тренд...МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски со благодарници за алпинистите кои учествуваа во спасувачката мисија на Шар Планина заедно со припадниците на МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во просториите на Единицата за брзо распоредување на МВР во Ѓорче Петров додели благодарници за покажаните храброст, пожртвуваност и хуманост на двајца учесници во спасувачката мисија на Шар Планина минатиот месец.

„Имам огромна чест во име на Министерството за внатрешни работи да ги доделам овие благодарници за исклучителните храброст, пожртвуваност и хуманост на директорот на Националниот парк Шар Планина, Ибрахим Дехари и на алпинистот Надир Мурсели, кои со припадници на МВР учествуваа во спасувачката мисија на Шар Планина минатиот месец“, потенцираше министерот Спасовски.

Имено, веднаш по добиената пријава во попладневните часови на 08.11.2022 беше организирана спасувачка потрага по двајцата планинари во која учествуваа екипи на МВР, ЦУК, СВР Тетово, ТППЕ Тетово, а Министерството за внатрешни работи се вклучи со тим од три возила и 10 припадници кои учествуваа во спасувањето на еден од планинарите, кој беше пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош и извлекувањето со хеликоптер на МВР на телото на планинарот кој почина од при пад од карпа. Притоа, при реализирање на спасувачката акција беше потешко повреден припадник на Единицата за брзо распоредување и началникот на СВР Тетово.

На средбата се разменија искуства од спасувачки мисии со цел унапредување на ефикасноста во самите постапки при таквите мисии и генерално сите ја потврдија максимата дека силата е во заедничката брза реакција.

Можеби ќе ве интересира...

Втората делница од експресниот пат кон Прилеп е скоро завршена – премиерот вели дека тече голем инвестициски циклус во патишта

Vesti +

ИНФОГРАФИК: Пратениците се на потег, оваа недела се гласа Буџетот за заштита на граѓаните од последиците од кризата и раст на економијата

Vesti +

Трајановски: Аеродром ќе продолжи да се развива се повеќе и повеќе, ниту еден граѓанин нема да биде запоставен

В+

Македоника во тага: Трагично почина 44. годишен војник на АРМ во мисија на КФОР во Приштинс

В+

120 санкционирани возачи во Скопје

Vesti +

Војната ќе трае уште неколку недели, Путин е само фронтмен – професор од Киев со прогноза

Vesti +