Фотографиите од минатото се важен доказ, а воедно и спомен на други времиња и луѓето кои живееле таму. Денешната технологија ни овозможува да оживееме многу црно-бели фотографии, што е случај и со онаа на Јосип Броз Тито.

Инстаграм страницата History in Color, која ја следат над милион луѓе, на својот профил споделува фотографии од минатото во боја.

Како што се наближува крајот на годината, тие почнаа да споделуваат листа на објави кои собрале најмногу лајкови во текот на 2022 година, а тука е и онаа на претседателот на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито, во која позирал со наочари.

Иако Тито изгледа како манекен, тоа не одговара на околностите во кои се наоѓал на фотографијата.

На страницата се наведува дека фотографијата на претседателот, кој некогаш владеел со земјата од 1953 до 1980 година, е направена во 1928 година, кога бил уапсен поради комунистички активности.

Тој тогаш имаше 36 години.

Сепак, изгледот на југословенскиот претседател ја воодушеви странската јавност, а некои забележаа дека неговиот стил наликува на ликовите од серијата „Peaky Blinders“, па дури и сугерираа кој идеално би му одговарал да го игра во филмот.

– Мислам дека неговиот лик многу би му одговарал на Џони Деп – заклучил некој во коментарите.

Обоениот приказ на Тито го потпишува дигиталниот експерт Јулиус Бекман Јаскелаинен, а на споменатата страница на почетокот на годинава собра 27,9 илјади лајкови и со тоа се најде на 12-то место на најпопуларни објави оваа година.

Оваа година, потсетуваме, поминаа 42 години од смртта на Тито, но неговото сеќавање сè уште не избледе, а неговиот лик и дело се уште се споменуваат – и во политичките и во секојдневните општествени текови.