На 24.11.2026 во 03:50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 56-годишник од Скопје, по претходна пријава дека во домот со остар предмет упатувал закани кон неговите двајца синови, а оштетил и дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.