Пржените лебчиња се видени на трпезите ширум нашиот регион – а интересно е што постојат десетици начини на кои можете да ги подготвите.

Веројатно нема човек кој не ги сака – а се подготвуваат многу едноставно: леб, јајца, масло и толку!

Еден твитерџија започна интересна дискусија кога објави слика од пржен леб и напиша:

„Како ги нарекувате овие и дали сакате да ги јадете?

Еден од коментарите беше:

„Пржен леб и бело кафе-мирис на детството и неделен појадок“.

Потоа следуваа разни коментари.

Кога станува збор за рецептот (без разлика како го нарекувате ова јадење) – се работи само за внимателна подготовка и трпение.

Парчињата леб не треба да бидат премногу тенки бидејќи може да се распаднат од смената, туку дебели околу сантиметар и пол.

Секогаш користете леб кој стоел барем еден ден.

Наместо путер подобро е да користите растително масло бидејќи гори на високи температури.

Приближна формула за подготовка на смеса од јајца е дека на две кришки леб треба да се користат четвртина чаша млеко и едно јајце.