Ќе се задоволите со еден залак.

Состојки:

1 чаша маслиново масло

Грст лисја од босилек

500 гр шпагети

50 гр путер

2 чешниња лук

500 гр тиквички, изрендани

75 гр пармезан

Подготовка:

Во загреаното маслиново масло додадете ги листовите босилек и пржете околу 30 секунди или додека не станат крцкави.

Потоа извадете го и ставете го на салфетка за да се исцеди вишокот масло.

Ставете ги тестенините во тенџере со многу солена и топла вода да се сварат.

На загреаниот путер ставете испасиран лук и пропржете го, а потоа додадете рендана тиквичка.

Пржете со мешање неколку минути, доволно долго за да омекнат тиквичките.

Додадете ги тестенините во смесата со тиквички и лук, па додадете го пармезанот и убаво измешајте.

Послужете со пржени листови босилек.