ПОСЛЕДНИ РЕЗУЛТАТИ: Еве по колку мандати освоија политичките партии во новиот собраниски состав.

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО – ДПМНЕ освои 58 мандати во новиот собраниски состав.

Зад неа е Коалицијата на ДУИ со освоени 19 пратенички мандати. СДСМ освои 18 мандати, а Коалицијата Вреди 13. По шест мандати освоиле Левица и ЗНАМ.