По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, на 09.05.2024 година (четврток) Владата на Република Северна Македонија свечено ќе ги одбележи овие два значајни празника.

Во 11:00 часот, владина делегација предводена од Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик – министер за правда, ќе положат свежо цвеќе на Партизанските гробишта Бутел, Скопје.

Во 12:00 часот, владина делегација предводена од Талат Џафери, претседател на Владата на Република Северна Македонија, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик – министер за правда, ќе положат свежо цвеќе пред Споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата на Република Северна Македонија.