Момче од Ресен на 24-годишна возраст утрово починало на Инфективното одделение во Битола како последица од Ковид-19. Примен со масивна бронхопневмонија и со тешкотии во дишењето младото момче ја изгуби битката со опасниот вирус

Како што пишува „Независен,мк“, момчето починало само еден ден по неговиот роденден. Лекарите во битолското Инфективно одделение се бореле за неговиот живот, но примен со масивна бронхопневмонија и со тешкотии во дишењето, состојбата нагло му се влошила.

Од Битолската клиничка болницата велат дека кај нив бил донесен со ниска сатурација.

Пациентот (24г), од Ресен на 25 август беше хоспитализиран во делот за суспектни за Ковид-19, во Ковид центарот во КБ Битола, во тешка општа состојба со ниска сатурација, со масивна бронхопневмонија. Веднаш поставен на соодветна комбинирана терапија и перманентна максимална кислородна поддршка. Земен брис, добиен ковид позитивен резултат. Кај пациентот и покрај преземените интензивни и реанимациони мерки настапи смрт утрово – потврдува за „Независен“ д-р Билјана Гагачовска, директор на Битолската клиничка болница.

Неофицијално, ресенчани раскажуваат дека момчето пред десеттина дена правело свадба и така се заразило.

извор Независен.мк.