Како што соопшти МВР Педесет и шестгодишен маж од селото Форино е уапсен од страна на полицијата.

Според дневниот полициски билтен, таткото околу 12.30 часот во близина на место викано „Голема нива“, помеѓу гостиварските села Форино и Чајле, по претходна расправија, физички го нападнал неговиот 32-годишен син и се обидел и да го удри со возило во кое претходно двајцата се превезувале, информира МВР.