По повеќечасовна потрага уапсен е Илија Г.(21), кој е осомничен дека синоќа со нож ги убил родителите и дедото во семејната куќа.

Младото момче и од претходно е познато дека е проблематично, велат оттаму. И соседите наведуваат дека имал проблеми со дрогата.

Засега не е познат мотивот за грозоморното злосторство, кое овој крај не го памети, а се сомнева дека младото момче синоќа се скарало со родителите и дека потоа го зел ножот од кујната и сите на смрт ги избодел.

По злосторството, младиот човек побегнал од местото и се сокрил во населбата Обрез, која е недалеку од населбата Атеница, каде го извршил делото. Во близина на локалната сала за прослави утрово околу 9.30 часот бил лоциран Илија Г., а потоа полицијата го опколила и го привела!

Телата на убиените се испратени на обдукција.