Во понеделник РКЕ ќе донесе одлука за нови цени на горивата во Македонија.

Според последните активности на берзите, нафтата драстично падна на 86 долари од барел од типот брент.

Во моментов дизелот се продава по цена од 90 денари за литар.

Цената на Еуросупер БС-95 останува 84,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 87 денари за литар, а мазутот за 50, 391 денар за килограм.

Новата цена на горивата се очекува да биде позната во понеделнк на пладне.