Процесот на евроинтеграција носи конкретни придобивки за државата и за граѓаните. Со последната одлука Европската унија одобри грантови со вкупна вредност од 225 милиони евра за Северна Македонија, за унапредување на инфраструктурата, развој на економијата, раст на стандардот, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека со нив се финансира изградбата на железничкото поврзување со Бугарија во рамки на Коридорот 8 и тоа делот од Крива Паланка до границата со Бугарија, набавка на опрема за Осломеј 1 – Фотоволтаична станица и на опрема за Осломеј 2 и Битола – Фотоволтаична централа, како и проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје.

СДСМ како одговорна партија е посветена на забрзан процес на реформи за напредување кон членство во Унијата, за подобар, полесен и помирен живот за граѓаните.

Граѓаните знаат дека со евроинтеграцијата следува развој, напредок, поголеми плати, европски вредности и сигурна иднина.

Затоа и застнаа зад вистинските политики на СДСМ на вонредните локални избори во саботата, се вели во соопштението.