Наташа Котлар не се појави на дебатата организирана од советничката група „Шанса за Центар“. Со тоа, Наташа Котлар уште еднаш покажа дека само ја продолжува лошата пракса на ВМРО-ДПМНЕ да не се дебатира за интересите на граѓаните.

Иако Котлар во текот на целата кампања ги убедуваше центарци дека е независна и различна од партијата која кандидира, со ваквите потези само уште еднаш потврдува дека таа е кандидат на истото старо ВМРО-ДПМНЕ. Таа не е поразлична и користи исти методи на бегање од дебати, недемократско однесување и нетранспарентност преку која го бара гласот за поддршка.

Однесувањето на Котлар и кандидатката за Скопје Арсовска се доказ за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ја замислува власта и како планира да владее – без дебати, без дискусија исто како што тоа го правеа и претходно.

Центар е демократска оштина, а граѓаните на Центар добро знаат колку е важно да имаат демократска власт која слуша, дебатира и реагира на нивните барања и критики. Таква власт не е и не може да биде ВМРО-ДПМНЕ, а жално е што Котлар не успева да излезе од матрицата на партијата.

Ги повикуваме граѓаните во недела масовно да излезат на гласање и да одберат отчетна и одговорна локална власт предоводена од Горан Герасимовски.