ДРАГАН МИШЕВ

Во контекст на тековниот Самит на НАТО во Вилнус, за проширувањето на Алијансата со две нови членки, Финска и Шведска, кои предходно не ни помислуваа да влезат во Северноатланската алијанса, можеме да му заблагодариме на еден човек кој има особено голем придонес за проширувањето на Сојузот.

Од сите досегашни високи НАТО функционери, токму рускиот диктатор Путин придонесе најмногу за ширење на Алијансата, особено на Северот и Истокот на Европа, како и за збивање на редовите и јакнењето на (разнишаната) доверба помеѓу земјите- членки на Алијансата. По Путиновата инвазија врз Украина, на пат да станат членки на Сојузот се Шветска и Финска, долгогодишни противници за зачленувањето, а се поизразени аспирации за членство покажуваат и неколку поранешни советски републики, предводенени од Украина.

извор Цивилмедиа