Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против лице (51) од с.Делогожда, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 23.03.2026, пријавениот пукал од огнено оружје, по што е извршен претрес во неговиот дом каде бил пронајден пиштолот со празна рамка, куршуми калибар 9мм и дозвола на негово име.