Професорот Дејан Трајковски во својата најнова ковид-анализа предвидува дека во следните денови се очекува понатамошно намалување на дневните броеви.

-Дури ни започнувањето на учебната година не би можела да даде видлива промена пред 10.09, до кога броевите би опаднале на просечно 500 новодијагностицирани дневно, пишува тој.

-Како што беше предвидено уште на почетокот на бранот, поради високата преносливост на Делта сојот на вирусот, бранот е остар и тесен, односно бргу искачува и бргу ќе слегува, со остар и краткотраен врв, без плато. Поради брзото заразување и решенијата за изолација, лицата брзо се “исклучуваат од игра” и вирусот се потешко пронаоѓа нови жртви. Но, со доаѓањето на есента преносливоста ќе се зголеми, па вирусот одново ќе успева да се пренесе на преостанатите сусцептибилни (чувствителни, односно непрележани и невакцинирани) – се до постигнувањето на доволна прележаност за и тој да престане, констатира проф. Трајковски.