Вчера (17.08.2022) во 17.30 часот на подрачје на Гази Баба полициски службеници од Полициска станица Гази Баба од слобода го лишиле З.С.(50) од с.Трубарево, скопско.

Тој се барал по судска наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување на изречена мерка притвор, во врска со истрага поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, казниво по чл.237 ст.4 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на мерката притвор.