На 19.11.2022 во 14.30 часот на влез на с.Шишево, скопско, полициски службеници од Полициската станица Сарај го привеле М.И.(44) од с.Шишево.
При преглед во патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени бесправно исечени огревни дрва и моторна пила.
Возилото, дрвата и пилата биле одземени за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.