На 30.03.2022 во 16.30 часот на крстосница на ул.„Видое Смилевски Бато“ со ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Ш.Ф.(30) од с.Чегране, гостиварско и М.А.(59) од Гостивар, затоа што кај нив бил пронајден хероин.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.