На 25.03.2022 во 08.10 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода С.Г.(30) од Велес. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и една вага.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.