На 26.10.2021 во 14.55 часот на ул.„23 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(65) од Скопје, затоа што го нарушил јавниот ред и мир и се однесувал агресивно кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.