На 23.08.2022 во 18.00 часот полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Е.С.(27) од Скопје. Тој се сомничи дека на 22.08.2022 одзел повеќе предмети и туби со нафта од фирма во Скопје. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
Во службен разговор во полициска станица Е.С. го признал делото.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.