Шефот на озлогласената платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин го обвини рускиот врв дека го лаже Владимир Путин за размерите на руските загуби и неуспеси во Украина.

Како што пренесува Телеграф, Пригожин, чија приватна парамилитантна формација Вагнер го предводеше руското заземање на украинскиот град Бахмут минатиот месец, се спротивставува на наредбата платеничките групи како него да потпишат договори со Министерството за одбрана пред 1 јули.

Доверливиот човек на рускиот претседателот го прикажува Вагнер како најефективната руска борбена сила и ужива невообичаена слобода јавно да ја критикува Москва – иако не дирекно Путин, од чија поддршка тој и Вагнер на крајот зависат.

Во серија аудио пораки во текот на два дена, Пригожин ја засили својата критика кон Сергеј Шојгу, рускиот министер за одбрана, близок сојузник на Путин и Валери Герасимов, началникот на Генералштабот, обвинувајќи ги дека ги кријат „многу сериозните загуби на Русија на фронтот“ од Путин.

„Целосно ѓубре се става на масата на претседателот. Шојгу и Герасимов имаат едноставен пристап. Лагата мора да биде монструозна за луѓето да веруваат во неа. Тоа е она што тие го прават“, рече Пригожин во една порака.

„Сето тоа е скриено од сите. Русија ќе се разбуди еден ден и ќе дознае дека Крим (анектираниот од Русија) им е предаден на Украинците, вели Пригожин. Тие го доведуваат во заблуда рускиот народ и ако продолжи вака, ќе останеме без најважното нешто: Русија“.

Тој го обвинува руското МО дака ја лаже јавноста и претседателот.

„Украина не го бомбардираше Доњецк 8 години, само руски позиции. Вооружените сили на Украина немаше да ја нападнат Русија со војници на НАТО, руското Министерство за одбрана ја мами јавноста и претседателот.

Сеуште нема реакција од Министерството за одбрана, кое барем досега во јавноста ги игнорираше претходните жалби и обвинувања од Пригожин.

Подготви: Д. Мишев

извор Цивилмедиа