Во петок претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе го посетат Преспанскиот регион. Во 11:30 часот предвидена е посета на старото училиште во с. Љубојно, Преспа.

Во 12:30 часот, премиерот Ковачевски заедно со министерката за култура Костадиновска-Стојчевска ќе го посетат локалитетот Курбиново и ќе извршат увид во градежните активности во црквата Св.Ѓорѓи.

Во 13:15 часот, премиерот Ковачевски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски ќе ја посетат компанијата Деалтаск Фреш Дооел во Ресен. По обиколката на фабриката, предвидени се изјави.