На 09.07.2022, по преземени мерки и активности на СВР Тетово во содејство со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР, во Полициска станица Тетово се повикани Џ.Л.(40) од Тетово и Д.Р.(37), од тетовско село, поради сомнение дека се автори на коментари со заканувачка содржина со кои се промовираат или поттикнуваат омраза и насилство, напишани на објави од интернет портали.

Извршен е службен разговар со двајцата, при што Д.Р. го признал делото. По документирање на случајот против двете лица ќе следуваат соодветни поднесоци.