Полициски извештај - Извадок на дел од дневни настани, 01.12.2020
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Полициски извештај – Извадок на дел од дневни настани, 01.12.2020

На 30.11.2020, при претрес во домот на Ф.Д.(37) во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа кокаин. Ф.Д. е приведен и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.11.2020 во 14.15 часот на бензинска пумпа на подрачјето на Карпош, од полициски службеници од СВР Скопје била лишена од слобода малолетничка од Скопје, кај која при преглед ù е пронајдена и одземена марихуана. Таа е предадена на полициски службеници од Полициска станица Карпош за понатамошна постапка.

На 30.11.2020 во 21.00 часот на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода С.С.(20) од Куманово, затоа што при преглед кај него се пронајдени ловечка пушка и 12 патрони. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка.

На 30.11.2020 во 15.30 часот во Полициска станица Аеродром, Д.Н.(40) од Скопје пријавил дека на бул.„Видое Смилески Бато“ бил каснат од куче скитник.

На 30.11.2020 во 07.10 часот, на излезот од Гостивар, на Здуњска крстосница, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар запреле патничко возило „рено канго“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од У.Џ.(39) од гостиварско Орќуше, во кое превезувал огрeвни дрва без потребната документација. Дрвата се одземени и предадени на Шумска полиција, а против У.Џ. ќе следува поднесок.

На 30.11.2020 во 11.40 часот во Полициска станица Центар, Д.Б.(34) од Скопје пријавил дека на ул.„Никола Карев“ бил каснат од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.М.(20) од Кичево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 20.12.2019 на ул.„11 Октомври“ во Кичево од полициски службеници при извршен преглед над С.М. биле пронајдени и одземени мешавина од марихуана и тутун.

На 30.11.2020 во 09.18 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека М.Т.(19) од с.Инџиково, скопско, вработен во фирма на ул.„Перо Наков“, се повредил додека извршувал работни задачи.

Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Ј.Д.(23) од с.Ваташа, кавадаречко, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 14.12.2019 околу 22.00 часот во Кавадарци, на место викано „Витачево“, полициски службеници извршиле контрола и преглед кај Ј.Д., при што биле пронајдени и одземени марихуана и ризли.

На 30.11.2020 во 11.05 часот вработена во Центар за социјални работи Куманово пријавила дека едно лице физички го нападнало В.Н.(40), вработен во Центарот. Во 11.30 часот, од страна на Б.Б.(57) од с.Романовце било пријавено дека околу 11.00 часот во простории на Центарот за социјални работи во Куманово бил физички нападнат од лице вработено во Центарот. По преземени мерки, обавен е разговор со Б.Б. и В.Н. и изготвени им се записници за констатиран прекршок по член 11 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(20) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Пријавениот на 30/31.08.2020 влегол во црквата ,,Св. Анастасија“ во с.Радиовце и одзел пари.

На 30.11.2020 во 09.30 часот во Полициска станица Центар, Г.К.(48) од Скопје пријавил дека во периодот од 21 до 29.11.2020, во ковид-центарот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде бил хоспитализиран неговиот татко Д.К.(72), кој починал во центарот, од страна на непознат сторител одземен му е паричник во кој имало пари, лични документи и предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.11.2020 во 20.40 часот во Скопје на ул.„11 Октомври“, пред крстосница со бул.„Кочо Рацин“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи“, управувано од Љ.С.(65), патничко возило „тојота ајго“, управувано од В.И.(49) и патничко возило „пежо 106“, сопственост на МВР, управувано од М.Ц.(41), вработена во МВР, сите три со скопски регистарски ознаки. Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и В.И., како и сопатникот во патничкото возило „тојота ајго“ Т.И.(44), констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. За незгодата е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 30.11.2020 околу 23.50 часот во Полициска станица Центар е пријавено дека во во ковид-центарот во рамки на Комплекс клиники „Мајка Тереза“, околу 22.30 часот пациент со употреба на остар предмет упатил закани кон вработената А.М.(31) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе од интернетот…

  • Centar.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Подгответе се: Доаѓа студен и влажен бран со пороен дожд, грмежи, а некаде и снег – Метеоцентар со детална прогноза

Утре времето ќе биде променливо облачно и релативно топло, со умерен до засилен, а во западните делови повремено силен (над 70 км/час) ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Повремен локален дожд ќе има и во недела. Во понеделник... Прочитај повеќе...

Брнабиќ: Преку Отворен Балкан увозот од Северна Македонија порасна за 56%, големи придобивки имаат сите

Голема благодарност до претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, но и на сите во Собранието што придонесоа за тоа да се ратификуваат договорите од Отворен Балкан, за да можеме конечно да ги имплементираме договорите, рече српската премиерка Ана Брнабиќ. -Така граѓаните и стопанството уште повеќе ќе видат корист од оваа иницијатива.... Прочитај повеќе...

Брнабиќ: Северна Македонија е водечка земја во Отворен Балкан, а приклучувањето во иницијативата е економски паметна одлука

Српскиот културно-информативен центар во Париз ќе се даде на користење на промоција на иницијативата „Отворен Балкан“, кажа српската премиерка Ана Брнабиќ. -Република Северна Македонија и нивното министерство дадоа согласност за програмата за промоција на Отворен Балкан. Бев во контакт со албанскиот премиер Еди Рама, за и нивното министерство да даде... Прочитај повеќе...

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

337 санкции за брзо возење

Vesti +

8.529 MWh електрична енергија произведена во изминатото деноноќие

Vesti +

Бензинот денес е за 1 денар поскап од август 2012, кога се точеше за 88,50 денари

Vesti +

МНР: Жалиме што бугарското собрание ја усвои декларацијата за Македонија

Vesti +

Ако скенирате фискални, почна исплатата за МојДДВ за третото трoмесечје

В+

Драстично скокнаа цените на бензините и нафтата: Еуросупер 95 сега се точи за 104 денари по литар

Vesti +