На 17.11.2022 во 05.40 часот во с.Црвена Вода, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево ги лишиле од слобода В.А.(50) од Скопје и Н.Л.(48) од с.Сарај, скопско. При преглед во товарно возило „мерцедес“, управувано од В.А., во кое сопатник бил Н.Л., биле пронајдени огревни дрва без потребната документација.

Дрвата им биле одземени, а тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.