На 26.10.2022 околу 23.10 часот во с.Таринци, општина Карбинци, полициски службеници од Полициската станица Штип во содејство со Шумска полиција дале знак за запирање на патничко моторно возило „форд мондео“, но возилото не застанало и продолжило со движење. Набргу, во близина на с.Оџалија, општина Карбинци, возилото било запрено и при извршената контрола било констатирано дека С.М.(35) од с.Кучица, општина Карбинци, во возилото превезувал огревни дрва без документација.

Возилото и дрвата биле одземени од Шумска полиција и биле предадени на Шумско стопанство Штип за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.