Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен западен ветер (над 60 km/h), електрични празнења и изолирана појава на град.
Најсвежо во текот на денот ќе биде во западните делови, каде што максималната температура на места ќе достигне околу 24 степени. Во источните и североисточните предели дневните температури ќе се движат од 27 до 29 степени.
Во централните делови се очекуваат температури до околу 29 и 32 степени, додека најтопло ќе биде во југоисточниот дел од земјава, каде што максималната температура ќе достигне околу 35 степени.
Утринските температури ќе се движат претежно од 10 до 19 степени.
Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер, грмежи и услови за појава на град.