На 12.11.2026 во село Казандол, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија лишија од слобода 43-годишен жител на истото село.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Blow“ калибар 9 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола.

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.