Предлогот за воведување мултифондови во вториот пензиски столб стигна во Собранието. Моделот предвидува инвестиционата стратегија да се приспособува на возраста на осигурениците.
За помладите членови ќе биде возможен портфолио со повисок инвестициски ризик и потенцијално поголем принос, додека со приближувањето кон пензионирање средствата постепено би се насочувале кон поконзервативни инвестиции.